Wednesday, 29 June 2016 11:19 Фудбал

Италија | Агентот на Гонзало Игуаин вели дека напаѓачот нема да го прифати предлогот на Наполи за продолжување на соработката...



Аргентинецот имаше извонредна сезона во која постигна 36 погодоци, најмногу во историјата на Серија А, па првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис најави дека на Гонзало Игуаин ќе му понуди нов побогат договор.

Сепак, агентот на играчот вели дека тие нема да го прифатат предлогот на Наполитанците.

Причина за ваквата одлука се неисполнетите ветувања.

„Гонзало нема да го обнови договорот” – вели Николас Игуаин во интервју за Клос Континентал. „Под овие услови договорот не може да биде продолжен”.

„Тој во целост ќе го одработи сегашниот договор (до 2018) и потоа ќе видиме што ќе се случи”.

Аурелио Де Лаурентис претходно соопшти дека единствен начин за Гонзало Игуаин да замине е доколку некој ја плати откупната клаузула во неговиот договор вредна 94,7 милиони евра.

„Претседателот бара да биде платена клаузулата за Гонзало да замине. Па кога тој има ваков став, ние имаме право да не го обновиме договорот”.

„Кога пристигнавме во Наполи ни беше ветен амбициозен проект, настап во Лигата на Шампионите и освојување на Скудетото, подобрување на структурата и прогрес, но клубот не остана достоен на зборот”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...