Monday, 16 January 2017 11:50 Фудбал

Италија | Според „Газета дело Спорт“, македонскиот фудбалер Горан Пандев е најдоброто зимско засилување во Серија А за сезоната 2009-2010...



Со почетокот на новата година стартуваше и јануарскиот преоден рок во фудбалска Европа. Реномираниот италијански спортски весник, „Газета дело Спорт“ ги одбра најдобрите зимски засилувања во неколку од последните сезони во Серија А, а меѓу нив се најде и Горан Пандев.

Горан Пандев е најдоброто зимско засилување во Италија за сезоната 2009-2010. Тогаш поради одбивањето да го продолжи договорот со Лацио неговиот статус беше замрзнат во римскиот клуб, не играше во првите месеци од сезоната. Во јануари премина во Интер и им помогна на Нероазурите да дојдат до историската тројна круна предводени од Жозе Мурињо.

„Ја започнав сезоната лошо во Лацио. Претседателот не дозволуваше да играм, а на крајот од сезоната завршив со три трофеи. Трансферот во Интер во јануари ми го промени животот“ - изјави Пандев по финалниот меч од Лигата на шампионите против Баерн Минхен на кој беше стартер.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Горан Пандев е перфектен пример како Мурињо знае да донесе определен играч кој ќе ги подобри перформансите на тимот. Иако не играше на почетокот од сезоната во Лацио, Македонецот веднаш се вклопи во составот на Интер. Италијанскиот весник го издвојува и голот на Пандев во големото дерби против Милан.

Покрај Горан Пандев, „Газета“ издвојува уште 11 трансфери во јануарскиот преоден рок кој се случиле во последните дваесетина години.

Започнува со трансферот на Едгар Давидс, кој откако не се снајде во Милан, во 1997-98 премина во Јувентус и стана еден од најважните играчи во тимот.

Во 2000-2001 се издвојува трансферот на Каха Каладзе од Динамо Киев во Милан, а од сезоната 2003-2004 преминот на Дејан Станковиќ од Лацио во Интер за 4 милиони евра.

За сезоната 2006-2007 се посочуваат две големи јануарски засилувања. Враќањето на Роналдо во Серија А, Бразилецот премина од Реал Мадрид во Милан за околу 7,5 милиони евра. Во истиот тој пероден рок од Данубио во Палермо пристигна 20 годишното момче Единсон Кавани кој потоа прерасна во еден од најскапите напаѓачи.

И за сезоната 2010-2011 „Газета“ издвојува два трансфери. Преминот на Ван Бомел од Баерн Минхен во Милан и трансферот на Барзаљи од Волфсбруг во Јувентус.

Во 2011-2012 трансферот на Кандрева од Интер во Лацио. Година подоцна (2012-2013) се случи трансферот на Балотели во Милан кој одигра одлична полусезона во црвено-црниот дрес постигнувајќи 12 голови на 13 натпревари.

Во 2013-2014 се издвојува трансферот на Наинголан во Рома, а од 2014-2015 преминот на Салах од Челси во Фиорентина.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...