Friday, 16 June 2017 10:22 Фудбал

Италија | Енрико Албертоси, поранешен легендарен голман на „росонерите“ смета дека Донарума го предал Милан со тоа што одбил да потпише нов договор...



Клубот и навивачите на Милан се шокирани од однесувањето на Џанлуиџи Донарума кој под влијание на неговиот агент Мино Рајола реши да им го сврти грбот на „росонерите“.

Тие му дадоа шанса да дебитира на 16 години, сега му понудија нов, богат договор со плата од околу 4,5 милиони евра, но тој ги одби.

Италијанските медиуми се преполни со реакции од луѓе поврзани со Милан, а ние ви пренесуваме една голманска, од Енрико Албертоси кој во седумдесетите години бранел за „росонерите“.

„Лудо е дека 18 годишно дете може да одбие толку важен договор понуден од голем клуб како Милан за да оди којзнае каде“ - вели Албертоси.

„Тој можеби нема да биде ни прв избор кај и да оди, бидејќи се уште не докажал дека е голем голман. Беше добар во Милан, но правеше и некои грешки, имаше успони и падови“.

„Го предаде Милан, му сврте грб на голем клуб кој имаше верба во него и му даде да дебитира во Серија А на 16 години. Мислам дека момчето требаше да му каже јасно на неговиот агент што сака, бидејќи на крајот финалната одлука ја носи спортистот“.

„Можам да кажам дека одлуката на Донарума да замине од Милан е комплетно погрешна“.

Албетроси го носеше дресот на Милан од 1974 до 1980 година.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...