Friday, 16 June 2017 10:23 Фудбал

Македонија | Селекторот на младата македонска репрезентација, Благоја Милевски е оптимист дека неговите избраници ќе се претстават во вистинско светло и на Европското првенство во Полска...



Македонската репрезентација до 21 година направи историски успех со пласманот на Европското првенство во Полска, а настапот таму го почнуваат во сабота против силната репрезентација на Шпанија.

Селекторот Благоја Милевски во интервју за официјалниот сајт на ФФМ вели дека фудбалерите максимално се подготвени за големиот предизвик.

„Меѓу фудбалерите, како и во стручниот штаб, владее одлично расположение. Сите сме помалку возбудени во позитивна смисла што се приближува почетокот на натпреварувањето и што имаме можност да го отвориме шампионатот против исклучително квалитетен противник“ - вели селекторот Милевски.

„Треба да сме задоволни од нашите фудбалери. Работеа на високо ниво и покажаа желба и мотив. Оваа генерација е способна да се покаже во најдобро светло, против најдобрите европски репрезентации. Овој тим е во состојба да одговори на предизвикот на сите три натпревари во групата, а каков ќе биде исходот на крајот – ќе видиме. Целта е да го дадеме најдоброто од себе, да се радуваме во играта и дуелите против големите противници“.

„Задоволен сум што ја покажуваат својата одговорност и дисциплина. Не чека навистина тежок натпревар и би сакал сите заедно да ја задржиме вербата во себе. Се надевам дека ќе играме на нивото од квалификациските натпревари“.

„Шпанија е состав кој секако може да промени многу работи на теренот, но реков, ние се подготвуваме и ќе се концентрираме првенствено на себе и на своите задачи. На тој начин станува помалку важно во кој состав игра противникот. Имаме самодоверба и подготвени го чекаме почетокот“.

„Работевме и на психолошка подготовка, но овие фудбалери се талентирани не само фудбалски, туку и карактерно. Веќе докажаа дека можат да се носат со притисокот од овој тип, а без разлика на расплетот на ова првенство, овие фудбалери остануваат иднина на македонскиот фудбал“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...