Friday, 16 June 2017 10:28 Фудбал

Македонија | Стартува Европското фудбалско првенство за фудбалери до 21 година на кое Македонија ќе има историски настап, нашата репрезентација од утре ги почнува натпреварите...



Од денес па се до 30 јуни во Полска се одржува континенталната смотра на најдобрите 12 репрезентации до 21 година, меѓу нив е и Македонија.

Нашата репрезентација настапот на Европското првенство го започнува утре кога во вечерниот термин од 20:45 ќе се сретне со силната селекција на Шпанија.

Денес се играат натпреварите од групата А, од 18 часот Шведска против Англија, а вечерта домаќинот Полска игра со Словачка.

Покрај Шпанија, во групата на Македонија се уште и селекциите на Португалија и Србија.

Нашите момци се наоѓаат во силна група, но полни се со самодоверба и на теренот ќе влезат без респект кон противниците и со максимална дисциплна ќе се обидат да ја израдуваат македонската јавност.

„Меѓу фудбалерите, како и во стручниот штаб, владее одлично расположение. Сите сме помалку возбудени во позитивна смисла што се приближува почетокот на натпреварувањето и што имаме можност да го отвориме шампионатот против исклучително квалитетен противник“ - вели селекторот Милевски.

„Работевме и на психолошка подготовка, но овие фудбалери се талентирани не само фудбалски, туку и карактерно. Веќе докажаа дека можат да се носат со притисокот од овој тип, а без разлика на расплетот на ова првенство, овие фудбалери остануваат иднина на македонскиот фудбал“.

Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана ќе играат во полуфиналето

Распоредот на Македонија во групната фаза:

Сабота 17.06 Македонија - Шпанија 20:45

Вторник 20.06 Македонија - Србија 18:00

Петок 23.06 Македонија - Португалија 20:45

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...