Friday, 22 September 2017 10:35 Фудбал

Франција | На повидок е смирување на страстите во ПСЖ, медиумите од Франција пишуваат дека Нејмар по денешниот тренинг им се извинил на соиграчите за своите постапки...



„Светците“ оваа недела беа во центарот на вниманието откако настана „војна“ помеѓу Единсон Кавани и Нејмар.

Уругваецот пред дуелот со Лион во два наврати не му дозволи на Нејмар да изведе пенал, а двајцата играчи одново се натегаа кој да шутира и во неделата.

Но последниот инцидент ја прели чашата, па расправијата од теренот продолжила во соблекувалната.

Кавани му кажал на Нејмар дека не е задоволен од неговото однесување, Бразилецот се налутил и за малку ќе дошло до тепачка доколку не интервенирал капитенот Силва.

Па инцидентот придонесе двајцата играчи да имаат итна средба со првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи, спортскиот директор Антеро Енрике и тренерот Унаи Емери, а во меѓувреме се појавија и гласини дека Нејмар бесен на случувањата побарал Единсон Кавани да биде продаден.

Останува да се види како ПСЖ ќе ја менаџира ситуацијата и кој ќе биде прв изведувач на пенали во иднина, но Бразилецот прв повлече потег за мир во куќа.

Лекип пишува дека Нејмар по денешниот тренинг им се извинил на соиграчите за неговите постапки и инцидентот во соблекувалната. Тиаго Силва бил преведувач за сите да ја разберат пораката.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...