Sunday, 24 September 2017 13:02 Фудбал

Англија | Во летото кое помина се рушеа рекорди на трансфер пазарот, а уште сега стигнуваат најавите дека и следните преодни рокови ќе бидат супер атрактивни...



Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед ќе испрати понуда од неверојатни 155 милиони фунти за Пауло Дибала кој блеска на стартот од сезоната во Серија А.

Извршниот директор на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд имал средба со претставниците на фудбалерот и им рекол дека ако Дибала сака да си замине од Јувентус, Жозе Мурињо е заинтересиран да го види во својот тим.

Манчестер јунајтед и Јувентус имаат одлични бизнис релации откако англискиот клуб плати рекордна сума за да го донесе Погба на Олд Трафорд.

Но сметките на Манчестер јунајтед може да ги помати Барселона која исто така го сака Дибала. Дали интересот на Каталонците ќе биде мал или голем ќе зависи и од перформансите на Дембеле.

Адуд во трката на Барселона ќе биде сонародникот на Дибала, Лионел Меси. Доколку фудбалерот на Јуве сака да игра покрај Меси и на клупско ниво, Манчестер јунајтед ќе има проблем да го убеди да се пресели на Олд Трафорд.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...