Friday, 13 October 2017 17:50 Фудбал

Македонија | Македонскиот фудбалер им го направи преубав денот на млади дечиња кои инаку се фанови на Динамо Загреб...



26 годишниот македонски интернационалец од редовите на хрватскиот вицепрвак Динамо Загреб, Аријан Адеми, ги насмеа лицата на три дечиња кои имаат тешка болест.

„Насмевката на нините лица е најголема награда и поттик. Таа храброст со која овие деца патуваат низ животот, таа ведрина и оптимизам треба да бидат пример за сите нас“ порача Адеми по посетата на семејството Чабраја во населба во Сесвете, а веста ја пренесе и Динамо Загреб на својот сајт и социјалните мрежи.

Мајката Даниела и таткото Анте, како и нивните три сина Славко (16), Петар (12) и Лука (10) од неодамна станале членови на фан клубот на Динамо Загреб, па тие добија изненадување во својот дом, каде за гостин го имаа македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

„Кај нас спортот постојано се гледа на телевизија, посебно фудбал. Децата ни се големи навивачи на Динамо Загреб па така сите се зачленивме во фан клубот“ вели Анте.

Славко, Петар и Лука болуваат од една тешка прогресивна болест наречена душенова болест, станува збор за мускулна дистрофија која предизвикува мускулна слабост, истото предизвикува штета во мускулните влакна, а со самото тоа мускулите постепено слабеат.

„Нивниот живот е борба и на тоа треба сите ние да им симнеме капа. Мило ми е што барем за момент ги развеселив“ рече Адеми кој во име на Динамо Загреб ги повика Славко, Петар и Лука на некои од натпреварите на „Максимир“ во Загреб, а тие на големо задоволство веднаш прифатија.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...