Thursday, 19 October 2017 17:47 Фудбал

Македонија | Вардар против Реал Сосиедад во битка по први бодови во дебитантскиот настап во Лига Европа...



Македонскиот првак вечерва е пред еден сериозен испит, на домашен терен пред своја публика го пречекува шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад во третото коло од групата „Л“ од Лига Европа.

По двата стартни порази најнапред од Зенит (0-5) а потоа и од Розенборг (3-1), избраниците на Чеде Јаневски се чини дека вечерва имаат можност со своето искуство од претходните натпревари, да дојдат до првите бодови во дебитантскиот настап во ова натпреварување, откако на гостувањето во Норвешка веќе го постигнаа и првиот гол.

Веќе имаме можност и да ги проследиме почетните состави на обете екипи, па така стратегот од клупата на црвено-црните, Чеде Јаневски пикираше кои фудбалери ќе стартуваат уште од првата минута на вечерашната средба.



Вардар: Гачевски, Грнчаров, Џигаури, Николов, Барсегјан, Глигоров, Хамбарѕумјан, Новак, Глишиќ, Итало и Фелипе (Формација 4-2-3-1).

Јаневски направи една интересна промена во поставеноста, на левата офанзивна крилна позиција го постави Барсегјан кој досега играше осамен во шпицот на нападот, додека пак на тоа место за вечерва се најде Итало, а по десната страна ќе напаѓа Џигаури кој на претходните две средби се најде еднаш на левата, еднаш на десната страна.

Нашиот претставник ќе биде ослабен за дефанзивците Владица Брдаровски, Висар Муслиу, како и Дарко Велковски кој се уште се мачи со повредата, а добра вест е тоа што во тимот се враќаат Евгениј Новак, Итало Хозе Оливеира, како и Бобан Николов.

Мечот кој се игра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје со почеток од 19 часот ќе го суди азербејџанскиот арбитар Алијар Агајев.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...