Friday, 17 November 2017 14:11 Фудбал

Македонија | Локален медиум во Лас Палмас предупредува од каде доаѓа најголемата опасност во недела...



„UDLASPALMAS“ пишува дека Лас Палмас најмногу треба да стравува од Македонецот Енис Барди, а притоа додава дека Балканот важи за место полно со спортски снајпери, а Македонија го има најдобриот, Енис Барди.

„Балканот е место со повеќе спортски снајпери, во регионот на поранешна Југославија повеќе добри шутери се истакнаа во историјата на Европската кошарка, а тоа се чини дека се должи на работната методологија. Спротивно на ова, 22 годишниот фудбалер е роден токму во тој регион на „бомбардери“. Енис Барди не се решил да се посвети на кошарката, Македонецот ова лето дојде во Леванте од унгарски Ујпешт за 1,5 милиони евра, и од тогаш се прослави во неговата најголема специјалност во играта, изведувањето на слободните удари. Не е само силината во ударите негова специјалност, туку и прецизноста со која ја упатува топката во небранетиот дел од страна на голманите“ пишува горенаведениот медиум.



Истиот медиум Барди го споредува со Милинко Пантиќ и Дејвид Бекам, а токму Македонецот е наведен како најголема опасност за неделниот противник, наведувајќи дека дефанзивците на Лас Палмас мораат посебно внимание да обрнат на него, посебно за тоа каде прават прекршоци во делот од теренот.

Викендов се игра 12. рунда натпревари од шпанската Примера, Леванте во недела гостува токму кај Лас Палмас. Нашиот репрезентативец во десет настапи, постигна четири гола во најсилниот шампионат на Шпанија.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...