Wednesday, 22 November 2017 14:36 Фудбал

Италија | Наполи со убедливи 3-0 го победи Шахтар, но за пласман во осминафиналето тие ќе треба да го победат Феенорд, а украинскиот тим да загуби од Манчестер Сити...



Нема да биде никакво изненадување Манчестер Сити да го победи Шахтар во Украина, но англискиот тим уште од минатото коло го има обезбедено пласманот во осминафиналето, па нејасно е со каков тим и каква мотивација ќе играат во последното коло.

„Одигравме одлично и покажавме дека сакаме да играме најдобро и во Европа, но за жал пласманот во следната фаза не зависи од нас. Ние треба да победиме во Холандија, а потоа да чекаме и да се надеваме дека Манчестер Сити ќе постигне неколку гола во Украина“ - изјави тренерот на Наполи, Маурицио Сари.

Тој призна дека Инсиње е толку добар што просто не може да го изостави од тимот.

„Тоа е Лоренцо. Тој напредуваше толку многу во изминатите три години, стана играч од светска класа кој го изоставам од ротацијата на составот бидејќи е премногу важен. Можеме да му дадеме одмор во последните 20 минути, но да го изоставам од стартниот тим, не можам да го направам тоа“.

Сари беше забележан од камерите како запишува нешто на ливче по само 23 секунди од почетокот на мечот. Запрашан што пишувал толку рано, тој духовито одговори: „Шопинг листа за утре“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...