Friday, 01 December 2017 10:04 Фудбал

Англија | Фудбалерот на Саутемптон се огласи на социјалните мрежи за да „распали“ во весникот Сан и да објасни што имал да му каже Пеп Гвардиола по крајот на вчерашниот дуел...



Менаџерот на Манчестер Сити по драматичната победа од 2-1 остварена во 96. минута, се упати на теренот, каде своите фрустрации ги истури врз гостинскиот играч, Нејтон Редмон.

Весникот Сан потоа објави дел од наводниот разговор, и повикувајќи се на експерт кој чита од усни пренесе дека Пеп Гвардиола го нарекол Нејтан Редмон „дрк**ија“ (wanker).

Па фудбалерот на „Светците“ се огласи на социјалните мрежи за да „распали“ по Сан за ваквата сторија и да објасни што точно му кажал Пеп Гвардиола.

„Штотуку ја прочитав сторијата и почуствував дека треба да расчиста неколку работи кои кружат низ медиумите. Сакам да нагласам дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не го употреби зборот кој весникот Сан го објави. Да, неговите гестови беа полни со пасија, интензитет и агресивност, но кажа само позитивни работи и упати комплименти за мене. Коментираше за моите квалитети како млад фудбалер од Англија и како сакал повеќе да напаѓам, слично како што играв минатата сезона. Му кажав дека го одработив она што мојот менаџер го побара од мене.Толку, ништо повеќе, ништо помалку. Пеп не кажа ништо навредливо или негативно, и токму тоа го прави еден од најдобрите менаџери во светот” – вели Редмонт во својот пост на Твитер.

„Разочаран бев поради начинот на кој загубивме, со гол во 96. минута, но кога еден од најдобрите менаџери во светот ви дава комплимети и совети, морате да слушате”.

„За жал, оваа сторија е целосно промашување и пример за мрзливо новинарство, и само го валка името на спортските новинари”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...