Sunday, 07 January 2018 18:31 Фудбал

Шпанија | Каталонскиот „Мундо Депортиво“ пренесува дека оваа недела Реал Мадрид се обидел да го „украде“ Филипе Кутињо од Барса, „Кралевите“ биле подготвени да искешираат 200 милиони евра...



Бразилецот вчера во вечерните часови пристигна во Барселона да го комплетира трансферот на Камп Ноу откако „Каталонците“ и Ливерпул конечно си подадоа рака за зделка од 160 милиони евра.

Според денешното издание на „Мундо Депортиво“, оваа недела во последен момент пристигнала и понуда од Реал Мадрид.

Извори блиски до играчот за МД велат дека еден од агентите на Филипе Кутињо добил предлог од „Кралевите“ и ветување дека тие ќе искешираат 200 милиони евра доколку Бразилецот ја откачи Барса и прифати преселба на Сантијаго Бернабеу.

Од таборот на Филипе Кутињо не знаеле дали ваквиот маневар на Реал Мадрид бил искрен или пак шампионот на Шпанија и Европа само се обидел да ја дестабилизира целата зделка на Барса и да го натера лутиот ривал да плати повеќе од планираното.

Во секој случај, Филипе Кутињо го одбил спектакуларниот предлог бидејќи на ум имал само трансфер на Камп Ноу. За ова сонувал уште минатото лето, а колку бил одлучен во намерата говори и фактот дека издвоил средства од свој џеб за да исчезнат разликите помеѓу Барселона и Ливерпул.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...