Friday, 12 January 2018 15:13 Фудбал

Македонија | Медиумите во Португалија кренаа фама, а Спортинг Лисабон се пошегува на нивна сметка објавувајќи го истото видео а на него промовирајќи одбојкарски меч во нашата нова спортска сала, вели навивач на тимот од Лисабон во изјава за „24фудбал“...



Бас Дост распали по нашиот Стефан Ристовски, па по мечот против третолигашот Кова Пиедаде каде Спортинг Лисабон славеше на гостински терен со 1-2 и едвај успеа да обезбеди место во полуфиналето на Купот на Португалија, следеше бурна расправија помеѓу нив двајца на теренот.

Португалските медиуми беа мошне заинтересирани за овој настан, па на пресконференцијата по мечот веднаш го прашаа тренерот Жорге Жесус за што станува збор, детали од него не добија, туку истите прашања од Жесус беа наречени „сра*е“.

Хорхе Рапосо, навивач на Спортинг Лисабон во изјава за „24ФУДБАЛ“ ги пренесува деталите од расправијата помеѓу Дост и Ристовски, за што истакна дека не е ништо посебно, во прашање е победничкиот менталитет на холандската ѕвезда.

„Не е ништо сензационално. Дост сака да победува во секој натпревар, а во тој натпревар нашиот тим влезе премногу опуштено“ вели Рапосо во изјавата за нашиот медиум.

„Натпреварот сепак беше против екипа од трет ранг... Медиумите во Португалија се обидоа на таа расправија да и додадат големо значење, а Спортинг Лисабон направи шега од сето тоа со тоа што од истото видео промовираше одбојкарски натпревар во нашата нова спортска сала“ додава тој.

Го запрашавме и што мисли за нашиот 25 годишен репрезентативец, тој смета дека штом италијанскиот дефанзивец Пичини си замине од клубот, што се најавува подолг период, Ристовски ќе биде прве опција за тимот од Лисабон, а за него имаше пофални зборови.

„Ристовски е одличен фудбалер, доколку Пичини направи трансфер, тој ќе биде нашата прва опција на секој меч, сигурен сум во тоа“ рече Рапосо.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...