Friday, 12 January 2018 18:47 Фудбал

Англија | Јирген Клоп објасни зошто му дозволиле на Филипе Кутињо да се пресели на Камп Ноу, менаџерот на Ливерпул вели дека Бразилецот немал намера повеќе да игра за „Црвените“...



Филипе Кутињо оваа недела го комплетираше трансферот во Барселона вреден 160 милиони евра. Бразилецот беше желба на „Каталонците“ уште минатото лето, но тогаш Ливерпул не сакаше да слушне за продажба.

Сепак, „Црвените“ го омекнаа ставот овој месец и Јирген Клоп сега објасни зошто се решиле на еден ваков чекор.

„Немаше друга опција. Одговорот е прилично лесен” – вели Германецот.

„Не знам точно какви се реакциите, но доколку некој треба да е гневен и разочаран, тоа е менаџерот на клубот. И јас не сум ниту лут ниту разочаран”.

„Знам дека Ливерпул стори се што можеше за да го убеди Фил да остане. Ова беше неговиот сон, имаше само еден клуб поради кој може да замине и тоа е Барселона. Па има момен кога морате да го прифатите тоа”.

„Знаев дека ќе пристигне нова понуда овој месец и токму тоа се случи. Да, можевме да му кажевме имаш договор и мораш да останеш, но ќе беше многу тешко да го употребиме во вториот дел од сезоната”.

„Треба да се запрашате, дали има логика, дали би можеле да го употребиме, дали тој би можел да ни помогне? Одговорот е јасен, нема шанси. Тој повеќе не сакаше да игра”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...