Monday, 12 February 2018 17:45 Фудбал

Англија | Интернационалниот центар за спортски студии (CIES) открива дека Манчестер Сити има одвоено рекордни 878 милиони евра за да го изгради својот состав, но судејќи според Евертон и Кристал Палас, не е сè во парите...



„Граѓаните“ оваа сезона можат да ја завршат со освојување на четири трофеи, избраниците на Пеп Гвардиола се во игра за Премиерлигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига Купот.

Но за ваков историски успех потребни се и историски вложувања, Интернационалниот центар за спортски студии пресметка дека Манчестер Сити потрошил рекордни 878 милиони евра за да го креира овој состав.

На второто место е уште еден голем трошаџија, ПСЖ има инвестирано 805 милиони евра во тимот во кој главна ѕвезда е Нејмар, светки рекордното засилување од 222 милиони евра.

Зад нив се Манчестер јунајтед (со 747 милиони евра) и Барселона (со 725 милиони евра) а во Топ 5 уште се најде и Челси (со 592 милиони евра).

Но дека не е сè во парите доказ се Евертон и Кристал Палас. „Карамелите“ во својот состав имаат инвестирано 365 милиони евра, што е за два милиони повеќе од Баерн Минхен. Успехот и резултатие кои ги бележат двата тима во никој случај не можат да се споредат.

Слична е и компарацијата помеѓу Кристал Палас и Наполи. Клубот од Англија има вложено 225 милиони евра, или 21 милион повеќе од „Наполитанците“. И додека избраниците на Сари се борат за титула во Серија А, Кристал Палас грчевито се бори да обезбеди опстанок во Премиерлигата.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...