Saturday, 01 September 2018 19:02 Фудбал

Англија | Тимот на Сари во една потполна доминација на теренот ја оправда фаворитската улога на мечот против Борнмут, но домашните фанови на Стемфорд Бриџ цели 72 минути чекаа на водечкиот гол....

Првиот меч за денеска во редовното четврто коло од Премиерлигата го доби Ливерпул кој донесе три бода од гостувањето кај Лестер, славејеќи со 1-2, а во стандардниот термин од 16 часот проследивме уште пет средби, меѓу кои во фокусот на вниманието беше дуелот на Челси кој ја имаше фаворитската улога против Борнмут, и истата ја потврди.

Екипата на Челси долго ја плетеше мрежата околу голот на Борнмут, па иако во самиот финиш од првиот дел Алонсо не искористи ветувачка шанса, првиот гол домаќините го постигнаа дури во 72. минута и тоа преку Педро.

Тимот на Сари победата пред своја публика, вкупно четврта од исто толку одиграни натпревари на стартот од новата сезона во Премиерлигата, ја потврди преку Азар на пет минути до истекот на регуларните 90 од средбата на Стемфорд Бриџ арената.

Од останатите средби го бележиме ремито на Фулам кај Брајтон со 2-2, иако гостите имаа водство од 0-2, на крајот го прокоцкаа и ќе се задоволат само со бод. Евертон одигра 1-1 пред своја публика против Хадерсфилд кој иако прв поведе, на крајот не го сочува водството.

Резултати:

Брајтон - Фулам 2:2

Челси – Борнмут 2:0

Кристал Палас – Саутемптон 0:2

Евертон – Хадерсфилд 1:1

Вест Хем – Волверхемптон 0:1

Со почеток од 18,30 часот играат Манчестер Сити – Њукасл, а четвртата рунда натпревари ќе се комплетира со утрешните дуели Кардиф – Арсенал (14,30), Барнли – Манчестер јунајтед (17,00) и Ватфорд – Тотенхем (17,00).

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...