Monday, 10 June 2019 21:03 Фудбал

Италија | Според пишувањата на Кориере дело Спорт, Пол Погба сака да се врати во Јувентус, па „Старата дама“ сега гледа како да собере средства за реализирање на зделката која може да чини и преку 150 милиони евра.



Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи минатата недела беше во Коња за натпреварот помеѓу Турција и Франција во квалификациите од Европското првенство.

Медиумите од Италија пишуваа дека на неговата агенда се Мерих Демирел и Пол Погба. Дефанзивецот на Сасуоло и Турција од поодамна е желба на „Старата дама“ и се говори дека неговиот трансфер практично е договорен. Што се однесува до Французинот, тој е сонот на лидерите на клубот за нова бомба.

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, Фабио Паратичи разговарал со Пол Погба и добил ДА од играчот за враќање во Торино. Сега спортскиот директор треба да скрои план како да собере средства за комплетирање на зделката.

Весникот пишува дека Манчестер јунајтед бара најмалку 150 милиони евра за услугите на фудбалерот од средниот ред, па ова значи дека Фабио Паратичи ќе треба да продава. Овој список е долг со имиња како Жоао Кансело, Даглас Коста, Хуан Квардадо, Матија Перин и Марио Манџукиќ, а можеби ќе треба да се жртвува и големо име како Пауло Дибала.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...