Friday, 28 June 2019 12:16 Фудбал

Италија | Поранешниот играч на Бордо, Милан, Барса и Марсеј, Кристоф Дугари жестоко распали по Матајс де Лихт и тоа што 19 годишниот фудбалер приоритет им дава на парите а не на спортскиот проект.



Талентираниот Холанѓанец пред неколку месеци беше блиску до потпис со Барселона, но потоа доби побогата понуда од ПСЖ, па се веруваше дека ќе заврши во Париз. Сепак, тој сега е на пат за Торино откако Јувентус му даде плата од 12 милиони евра по сезона (основни примања од 8 милиони и уште 4 милиони во лесно остварливи бонуси). „Старата дама“ му исполни уште една желба која ПСЖ не сакаше или не можеше, па Матајс де Лихт доби и откупна клузула од 150 милиони евра.

Поранешниот играч на Бордо, Милан, Барса и Марсеј, Кристоф Дугари кој со Франција стана светски шампион, го прокоментира најавениот трансфер на Де Лихт во Јувентус и жестоко распали по играчот.

„Честитки за претседателот (Насер Ал Келаифи), честитки за Леонардо, честитки за сите директор во ПСЖ. Треба да се престане со ваквиот циркуз и да се убедуваат играчите по секоја цена. Преку глава ми е од овој нов фудбал. Де Лихт уште не започнал да учествува во проектот а веќе размислува како да замине со откупна клаузула. Не знам што му е идеата, што му се врти низ глава? Имаш 19 години, каква разлика ќе ти направи некој милион повеќе? Ќе имаше една спортска кола повеќе, куќата ќе ти биде 50 метри поголема, или јахтата ќе ти биде поголема 10 метри?“ – вели Кристоф Дугари за Радио Монте Карло.

„Со понуди од Барса, ПСЖ и Јувентус, чисто од спортски проект, изборот е јасен и тоа е Барселона. Чим не го одбра Камп Ноу, јасно е дека го интересираат парите и од ваквото однесување ми се повраќа. Де Лихт е одличен фудбалер, многу добар, но со ваков менталитет нема долго да трае“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...