Friday, 28 June 2019 12:17 Фудбал

Шпанија | „Ле Парисиен“ веќе извести дека Барселона би можела да добие попуст за враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“, кој извесно е дека повеќе не сака да биде член на тимот од француската престолнина, Каталонците за истата сума за која што го продадоа, можат и да го вратат (222 милиони евра).



Нејмар се подготвува да се врати во Барселона, бразилската ѕвезда силно е посакуван од страна на Каталонците кои се обидуваат да дојдат до договор со ПСЖ, Филипе Кутињо и Осман Дембеле би можеле да бидат вклучени како дел од договорот.

Каталонски „Спорт“ објави дека семејството на Нејмар веќе го подготвува теренот за враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“, токму тоа е на чело на логистичката активност за преселбата, односно враќањето на Нејмар во Барселона.

Исто како и во 2013. година, мајката на Нејмар, Надине Конклавес, како и неговата сестра, Рафаела Сантош, веќе пристигнале во Каталонија за да се погрижат околу логистичките прашања и местото на живеење.

Наводно тие се во Барселона веќе неколку седмици и се обидуваат да најдат фамилијарна куќа и истата да ја подготват за ова лето, се вели дека желбата е да се престојува во истата област како претходно.

„Спорт“ додава дека Нејмар посакува да живее повторно во населбата „Педралбес“, соседството кое тој го сака, а имал и совети од неговиот сонародник Артур Мело во однос на тоа прашање, обајцата се согласиле во тоа.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...