Tuesday, 02 July 2019 16:52 Фудбал

Македонија | Во Неапол веќе сериозно се дискутира на темата Елмас, Де Лаурентис наводно дал зелено светло клубот да почне со понуда од 15 милиони евра за Македонецот, од друга страна пак, постои уште една опција за засилување во средниот ред, и тоа од Фиорентина.



Елиф Елмас и понатаму е во центарот на вниманието кај повеќе европски гиганти кои веќе имаат пријавено интерес за нашиот репрезентативец, а „Кориере дело Спорт“ известува дека првиот човек на Наполи, Де Лаурентис начелно има план да тргне по неговиот потпис.

Младиот 19 годишен фудбалер на Фенербахче е една од двете опции кои Наполи сериозно ги разгледува за засилување во средниот ред, втората е Жереми Верету од Фиорентина, но „Виолетовите“ не сакаат ниту да преговараат за сума помала од 20 милиони евра.

Засилувањето може да пристигне во Неапол уште оваа седмица, известува италијанскиот весник,  кој издвои дека Де Лаурентис ќе инвестира 15 милиони евра во походот кон Елмас, откако Македонецот подолг период е „скениран“ од страна на италијанскиот прволигаш.

Во меѓувреме, „Кориере дело Спорт“ известува дека Наполи веќе добил позитивен одговор од Верету, Французинот наводно посакува да се пресели во Неапол, град кој буди големи симпатии кон него, а што се однесува пак до Елмас, во Италија неодамна известија дека наводно Интер е неговата прва опција, и тоа по совет на капитенот на нашиот најсилен национален состав, Горан Пандев.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...