Thursday, 04 July 2019 17:58 Фудбал

Лига на Шампиони | Чеферин потврди дека во европската куќа на фудбалот постои дискусија во моментов за да има одредени промени во структурата на Лигата на шампионите, тој подвлече дека екипи како Ајакс годинава, или Монако и Лестер од претходно би биле заштитени.



Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин објави дека постои идеја во европската куќа на фудбалот за да се направат одредени промени во форматот на натпреварување во Лигата на шампионите, односно во структурата на тоа натпреварување.

Словенецот објасни дека екипите кои стигнале до последните фази од нокаут рундите во Лигата на шампионите, поточно во полуфиналето, да го избегнат летното сценарио за преку квалификации да изборат место во елитното европско клупско натпреварување.

„Ние би сакале да ги заштитиме екипите како Ајакс оваа година, или Монако и Лестер претходно“ рече Чеферин во интервјуто за „Тајмс“.

„Ајакс играше во полуфиналето оваа година, а сега ќе продаваат фудбалери бидејќи не знаат дали ќе се квалификуваат во Лигата на шампионите идната година, мислам дека не треба да заштитуваме премногу клубови, бидејќи во тој случај би биле многу затворени, но, мислам дека би можеле да заштитиме некои клубови“ додава тој.

„Една од идеите е оние клубови кои успеале да стигнат до одредена фаза од натпреварувањето да можат да имаат загарантирано место и следната година, меѓутоа, сево ова во моментов е само дискусија, ќе имаме средба на 11. септември и ќе дебатираме со лигите и клубовите“ потенцираше Словенецот кој во интервјуто категорично негираше дека европската „Суперлига“ нема да се случи додека тој е на чело на УЕФА.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...