Friday, 05 July 2019 20:53 Фудбал

Шпанија | „Колчонероси“ жестоко реагираа на денешните изјави на првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу, ги обвинија „каталонците“ дека лажат и порачаа дека Антоан Гризман ќе замине само доколку во кеш биде платена откупната клаузула.



Претседателот на Барса, Жозе Мариа Бартомеу откри дека синоќа имало средба со Атлетико Мадрид за да се разговара за трансферот на Антоан Гризман. Тој исто така нагласи дека вчера за прв пат бил остварен контакт со Французинот.

Ова второто особено ги налути „колчонероси“ кои жестоко реагираа и обвинија дека Барселона лаже бидејќи уште во март паднал договор помеѓу клубот од Камп Ноу и напаѓачот.

„На 14. мај, Антоан Гризман го извести Мигел Анхел Жил, Диего Симеоне и Андреа Берта за неговата одлука да го напушти клубот. Во деновите кои следеа по оваа средба, Атлетико дозна дека Барселона и играчот се договориле уште во март, или потчно, само неколку дена по нашиот реванш против Јувентус во Лигата на шампионите, и дека преговорите започнале уште на средината од февруари. Од она што го кажа Жозеп Мариа Бартомеу, точно е само тоа дека вчера имаше средба помеѓу Мигел Анхел Хил и Оскар Грау и тоа на барање на Барселона. Господиот Грау побара, сега откако откупната клаузула на Антоан Гризман падна од 200 на 120 милиони евра, сумата од 120 милиони евра да биде платена на работи. Секако, одговорот на Атлетико беше негативен бидејќи веруваме дека Барселона и играчот покажаа непочитување кон Атлетико и нашите фанови“ – се вели во соопштението.

Клубот од Ванда Метрополитано исто така пренесе дека му дал инструкции на Антоан Гризман во недела да се појави на стартот на подготовктие за новата сезона.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...