Friday, 05 July 2019 20:59 Фудбал

Италија | Не е тајна желбата на Лукаку да соработува со Конте, во Италија пишуваа дека Нероаѕурите дури би можеле и да го понудат Икарди и на некаков начин да реализираат трампа на напаѓачите, меѓутоа тоа барем засега не им оди од рака во Милано.



Наполи влезе во трката за потписот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, откако белгискиот напаѓач кој подолг период беше поврзуван со трансфер во Интер, клуб за кого има големи симпатии.

Интер од поодамна под будно око ја следи ситуацијата со Лукаку на „Олд Трафорд“, меѓутоа тимот од Милано никако да се договори со Премиерлигашот, дополнително, самиот Белгиец јасно посочи дека посакува да игра под кормилото на Антонио Конте, инаку новиот тренер на Нероаѕурите.

Како и да е, Интер не успеа да пронајде заеднички јазик со Манчестер јунајтед, барем засега, Премиерлигашот бара околу 75 милиони евра за Белгиецот, а тоа воедно ја отвори вратата за Наполи кој според информациите кои ги објави „Радио Марте“ веќе влегол во трката за 26 годишниот фудбалер.

Според информациите, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веќе стапил во контакт со агентот на напаѓачот и дискутирале околу потенцијалниот трансфер на Лукаку во редовите на Калчолигашот.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...