Monday, 08 July 2019 12:38 Фудбал

Италија | Лукаку јавно посочи дека според него Конте е најдобриот тренер во светот, за италијанската Серија А издвои дека тоа е шампионат во кој има голема желба да настапува, а Белгиецот од тогаш па наваму ги подгреа шпекулациите дека ќе се пресели во Интер.



Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота има полни раце работа ова лето, Нероаѕурите ќе играат во Лигата на шампионите идната сезона, а тоа значи дека тимот од Милано треба добро да се засили доколку сака да забележи одредени резултати во тоа натпреварување.

Антонио Конте го презеде кормилото на Интер, а Италијанецот посакува и неколку квалитетни засилувања во составот на Нероаѕурите, едно од нив секако е Ромелу Лукаку, белгискиот напаѓач кој од поодамна јасно посочи дека сака да игра под кормилото на Конте.

Марота јасно посочи дека клубот прави максимум за да донесе квалитетни засилувања, меѓутоа потсети дека истовремено мора да се испочитуваат и сите финансиски параметри.

„Работиме на трансфер пазарот, работиме напорно за да обезбедиме најдобар можен состав за новата сезона, ние сме амбициозни и сакаме да го имаме најдобриот тим што е можно, меѓутоа, истовремено мораме да најдеме начин да ги почитуваме сите финансиски параметри исто така“ рече Марота на прашање од медиумите за тоа што се случува со Лукаку и обидите на Нероаѕурите да дојдат до неговиот потпис.

„Не треба да брзаме во вакви моменти, тоа може да доведе до грешки, имаме чисти идеи, но, мораме да бидеме трпеливи, имаме важни цели, како и трансфер желби во нашите мисли“ посочи Марота.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...