Monday, 08 July 2019 12:41 Фудбал

Англија | Искусниот Шпанец си замина од „Олд Трафорд“, навивачите на Премиерлигашот пријавија голема разочараност откако обете страни не успеаа да пронајдат заеднички јазик за продолжување на соработката, па така тој се пресели во француската престолнина.



Андер Ерера по пет сезони си замина од редовите на Манчестер јунајтед, потпиша петгодишен договор со ПСЖ, а во францускиот првак премина како слободен играч на трансфер пазарот, тој ја откри главната причина за тоа зошто го напушти Премиерлигашот.

Запрашан зошто си замина од „Олд Трафорд“, 29 годишниот Шпанец во изјавата за „Марка“ јасно посочи дека има разлики кои постојат помеѓу него и клубот во проектот, како и улогата која тој би ја имал во истиот проект, алудирајќи на плановите на Солскјер.

„Не би сакал да гледам во минатото премногу, но, постојат големи разлики во поглед на проектот и моето значење во истиот“ посочи Ерера кој веројатно со оваа изјава нагласи дека не му се допаднала улогата која би ја имал во тимот на Оле Гунар Солскјер.

„Бев среќен во тој клуб, имам голема благодарност кон клубот и неговите навивачи, како и за Солскјер, тој направи максимум за да останам, меѓутоа до тоа не дојде, тие задоцнија, јас веќе ја донесов конечната одлука да играм во Париз“ рече Шпанецот.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...