Wednesday, 10 July 2019 12:37 Фудбал

Англија | Број еден желба на Унаи Емери ова лето е Вилфред Заха од Кристал Палас, првичната понуда од 40 милиони фунти беше одбиена, а дали Топчиите ќе ја прифатат оваа понуда од Кралевите, тоа зависи од плановите за тоа како да изгледа нападот за идната сезона.



На Арсенал му е понудена шанса да дојде прв до потписот на Мариано Диаз, понуда која од финансиски аспект речиси целосно ги исполнува условите кои во моментов ги има Премиерлигашот кој на Островот се шпекулира дека има буџет од 45 милиони фунти.

Со крило, бек, како и централен дефанзивец на нивната листа на желби, опцијата за нов напаѓач Топчиите би ја разгледале само доколку станува збор за максимално минимални вложувања во истиот, со оглед на нивниот скромен буџет за засилувања ова лето.

„Мирор“ известува дека на Арсенал веќе му е презентирана можноста да потпише со Диаз и тоа за само 18 милиони фунти, а со Лаказет и Обамејанг кои се незаменливи во нападот на Премиерлигашот, веројатно дека во Лондон нема да имаат потреба за нов напаѓач во тимот.

Сепак, според известувањата на „Дејли Мејл“, се вели дека по заминувањето на Велбек, нема да зачуди доколку Арсенал се одлучи да ја прифати понудата од Реал Мадрид, како алтернативна опција за Лаказет и Обамејанг во нападот на тимот.

Диаз има уште четири години од својот договор со Кралевите, кои пак мораат да продадат тоа што не им е потребно во составот за доведување на нови ѕвезди по Азар, се вели дека нивната следна желба е Погба од Манчестер јунајтед.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...