ВИЦ

50 евра казна

Пијаница оди по улица, застанува и почнува да моча. Го забележал некој полицаец и му довикнал:
- "Срам да ви е! Казна 50 евра."
Пијаницата бара по сите џебови и конечно нашол 100 евра. Сега полицаецот бара да му брати 50, но никако да ги пронајде. На тоа пијаницата ќе му каже:
- "Ајде измочај се и ти, јас честам!"

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 10 July 2019 12:44 Фудбал

Шпанија | Шпекулациите велеа дека кинескиот клуб има фантастична понуда до Велшанецот која изнесувала 1,2 милион фунти на неделно ниво, меѓутоа, Реал Мадрид не би добил ништо друго, освен тоа што би се ослободил од „вишокот“ во својот состав.



И покрај тоа што има речиси невозможна мисија во Реал Мадрид, Герет Бејл продолжува да тера инает со шпанскиот гигант кој очајно сака да се ослободи од „вишокот“ трошоци во својот тим, па така Велшанецот ја одби единствената опција за него ова лето, барем засега, а тоа е Кина.

Бројни медиуми известија дека офанзивецот добил понуда од соништата на финансиски план од клуб во кинеската Суперлига, меѓутоа името на клубот не беше обелоденето, сепак, Велшанецот не ни помислува да се пресели на Далечниот Исток, а тоа донесе нови главоболки во таборот на Кралевите, особено кај Зидан.

„Марка“ известува дека во случај тој да го напушти Реал Мадрид, тоа би го сторил доколку се работи за друг гигант од некој од големите европски лиги.

Во меѓувреме, Бејл ја доби првата битка со Реал Мадрид за да остане во клубот откако се најде во авионот за Канада за претсезонските подготовки на клубот, тој знае дека времето е на негова страна, трансфер периодот за Премиерлигашите завршува на 8. август, а тоа е доволен период за работите да се променат.

Ќе потсетиме дека „Марка“ уште во мај посочи дека идејата на Бејл е да остане во Реал Мадрид и да го одработи својот договор кој има важност уште три години, не постојат понуди на негова адреса, па така тој и натаму ќе заработува 17 милиони евра на годишно ниво, сума кој секако не му дава ниту да помислува на заминување од шпанската престолнина.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...