Saturday, 13 July 2019 19:00 Фудбал

Италија | Аргентинскиот напаѓач не е во плановите на новиот тренер Антонио Конте, тој е на трансфер листата за продажба, а постојат два сериозни претенденти за неговиот потпис ова лето.



Мауро Икарди официјално го напушти кампот на Интер по взаемна согласност а ќе продолжи со работа самостојно во Милано, потврдија од клубот.

„Мауро Икарди денеска ќе се врати во Милано од нашиот тренинг камп во Лугано (Швајцарија)“ стои во соопштението кое го објави Интер.

„Клубот и напаѓачот дојдоа до ваква одлука по заеднички договор, Икарди ќе продолжи со претсезонските тренинзи во текот на следните денови, тој нема да биде дел од нашата турнеја во Азија“ додаваат од таму.

Икарди и Раџа Наинголан беа исклучени од тактичките тренинг сесии под водство на новиот тренер Антонио Конте, тимот од Милано секако има во предвид дека ризикува да биде тужен од страна на обајцата фудбалери, па така ангажираше нивен сопствен тренер за тие да работат одвоено од тимот.

На Икарди и Наинголан воедно им е соопштено дека се на трансфер листата за продажба, истовремено јасно им е укажано на тоа дека не се дел од плановите на новиот тренер Конте за идната сезона.

За услугите на Икарди најголем интерес има од страна на Наполи и Јувентус, а во Италија на големо пишуваат дека прва желба на аргентинскиот напаѓач е Јувентус.

Што се однесува пак до Наинголан, во текот на вчерашниот ден „Тутоспорт“ објави дека во Интер сериозно размислуваат да му дадат втора шанса на Белгиецот, особено по семејните проблеми во кои тој се најде откако неговата сопруга објави дека се бори со рак.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...