Saturday, 13 July 2019 19:04 Фудбал

Македонија | Проблемите во кои навлезе Палермо ја отвораат излезната врата од клубот за Трајковски и Несторовски за нови поголеми предизвици за нашите репрезентативци, италијанскиот весник тврди дека Несторовски веќе е договорен со клуб од Серија А кој од поодамна има интерес за неговите услуги.



Откако Федералното собрание при Фудбалската федерација на Италија и официјално донесе одлука Палермо да биде исфрлен од Серија Б и да биде префрлен во Серија Д, стана и повеќе од јасно дека Илија Несторовски и Александар Трајковски ќе си заминат од Сицилија.

За Трајковски извесен период се споменува Спортинг Лисабон кој сака македонскиот репрезентативец да го наследи Бруно Фернандеш во тој состав, откако Португалецот е пред трансфер во Манчестер јунајтед, а денеска „Газета дело Спорт“ најави дека Несторовски е пред портите на Удинезе.

„Удинезе: Де Пол се поздрави, Несторовски доаѓа“ пишува италијанскиот весник во својот наслов, јасно е дека Родриго Де Пол ќе си замине од редовите на калчолигашот, Аргентинецот е јасен во својата намера откако истакна дека сака да направи чекор напред во својата кариера и да биде дел од Лигата на шампионите, од друга страна пак, се отвора вратата за Несторовски, а весникот тврди дека договор веќе постои помеѓу обете страни.

„Нестор доаѓа – Вчерашната одлука за Палермо да биде исфрлен од Серија Б, го префрла клубот во понизок ранг, поточно во Серија Д. Постои договор помеѓу Несторовски и Удинезе, а наскоро Македонецот ќе биде ослободен од обврските со Палермо, очекувањата се напаѓачот да се раздели со клубот од Сицилија пред крајот на преодниот рок“ додава „Газета дело Спорт“.

29 годишниот Прилепчанец три години е дел од тимот на Палермо, по испаѓањето од Серија А, веќе две сезони тимот од Сицилија имаше неуспешни обиди за враќање во елитното друштво, а тоа дополнително ги подгреваше шпекулациите за заминување на Несторовски.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...