Monday, 15 July 2019 19:02 Фудбал

Англија | Данецот е речиси перфектната алтернативна опција за Манчестер јунајтед доколку Погба си замине ова лето, пишува „Индипендент“, меѓутоа, тоа нема да биде лесна мисија за раководството на тимот од „Олд Трафорд“ ако се земе во предвид дека тимот на Солскјер нема да игра во Лигата на шампионите идната сезона.



Манчестер јунајтед ќе го реактивира интересот за ѕвездата на Тотнем, Кристијан Ериксен, во случај Пол Погба евентуално да си замине од „Олд Трафорд“ ова лето, пишува „Индипендент“.

Двајцата фудбалери се во една неизвесна ситуација, на Ериксен му преостанува само уште една година во својот договор со Тотнем, тимот од Лондон имаше неуспешни обиди да најде заеднички јазик со Данецот и обете страни да се договорат за продолжување на соработката.

Од друга страна пак, Погба има договор до 2021. година, а Французинот стави јасно дознаење дека сака да си замине, тоа што е интересно за обајцата е нивната преферирана опција, Реал Мадрид.

Освен Реал Мадрид, интерес за Погба има и од ПСЖ и Јувентус, се чини дека италијанскиот првак полека но сигурно се повлекува од таа трка, а Манчестер јунајтед веќе крои планови за тимот без францускиот репрезентативец.

Веќе извесен период Црвените ѓаволи притискаат за трансфер на капитенот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандес, за кого нудат 50 милиони евра, токму нашиот Александар Трајковски од Палермо се споменува како наследник на Фернандес во тимот од Лисабон.

„Индипендент“ пишува дека Ериксен е речиси перфектната алтернативна опција која Манчестер јунајтед ја има во случај Погба да си замине, веројатно најголемиот проблем би претставувал фактот што тимот на Солскјер не избори место во Лигата на шампионите идната сезона, меѓутоа, доколку ситуацијата со Данецот во Тотнем остане статус-кво во однос на преговорите за нов договор пред крајот на преодниот рок, сагата околу неговата иднина ќе продолжи и понатаму.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...