Thursday, 18 July 2019 20:24 Фудбал

Италија | Останува отворено прашањето каква би била реакцијата од ПСЖ во однос на опцијата Дибала која би била понудена од Јувентус, а италијанскиот првак сигурно ќе треба и дебело да доплати доколку е сериозен во намерата да го добие потписот на 27 годишниот Бразилец.



Во Шпанија пишуваат дека Пауло Дибала би можел да биде жртвуван како дел од преговорите, а можеби и потенцијален договор помеѓу Јувентус и ПСЖ за ангажман на првата ѕвезда на францускиот првак, Нејмар.

Нејмар јасно стави дознаење дека сака да си замине од ПСЖ ова лето, Бразилецот го одложи враќањето на клупските обврски, а со тој потег дополнително го налути раководството на тимот од француската престолнина. Нејмар се приклучи на претсезонските подготовки на ПСЖ, меѓутоа една недела подоцна од предвиденото.

Како и да е, никој во моментов не е подготвен да го одврзе ќесето за скапиот Бразилец кој минатата година од Барселона во ПСЖ се пресели за цели 222 милиони евра.

Во Барселона наводно се дискутира околу можноста Нејмар да се врати на „Камп Ноу“, постоеа повеќе шпекулации за идеите на Каталонците, меѓутоа од таму не се подготвени за ваква зделка, особено не во кеш, па така кројат планови да додадат одредени фудбалери од својот тим во пакет со понудата.

„Ел Чиринкито“ пишува дека Нејмар би можел да се пресели во редовите на Јувентус и да му стане соиграч на Кристијано Роналдо, а Старата дама за да ја реализира оваа зделка би го жртвувала Дибала.

Сево ова доаѓа откако „Раи Спорт“ објави дека таткото на Нејмар има договорена средба со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи во Торино, а „Мундо Депортиво“ го наведе Јувентус како една од неговите потенцијални следни дестинации.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...