Tuesday, 23 July 2019 11:35 Фудбал

Македонија | Гоце Седлоски си поднесе оставка од тренерската позиција во Широки Бријег, се враќа во Вардар каде ќе ја добие позицијата на спортски директор која ја имаше Дарко Панчев.



Седлоски се раздели со Широки за да се врати во Вардар. Откако ги помина подготовките за новата сезона со босанскиот клуб, тој го водеше на мечевите од квалификациите во Лига Европа каде беа елиминирани од Киријат и во првото коло од лигата на БиХ во кое синоќа на свој терен загубија од Челик Зеница со 1-0.

„Почитувани фудбалери, членови и навивачи на ФК Широки Бријег

„Би сакал да Ви се заблагодарам од длабочината на моето срце за оваа преубава година која беше полна со возбудувања, радости, тага, напорна работа и што е најважно, исполнување на сите барања кои пред мене беа поставени од управата на клубот.

Одлучив да ја напуштам оваа позиција на клубот по натпреварите со Каират, но за три дена почнуваше првенството и не беше коректно кон клубот да заминам веднаш. Сега клубот има време да најде мој наследник. Јас веројатно ќе направам пауза од тренерската работа и ќе се посветам на друга улога во фудбалот“, меѓудругото стои во соопштението на Седлоски.

Гоце Седлоски се враќа во Вардар каде што ќе ја преземе функцијата спортски директор на која претходно беше Дарко Панчев. Се очекува тој да му се приклучи на тимот во Словенија каде Вардар се подготвува за новата сезона.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...