ВИЦ

Разговараат две плавуши:
- Паднав на градско возење!
- Зошто?!
- Стигнав до кружен тек и на таблата пишуваше 30, па направив 30 кругови околу кружниот тек и потоа комисијата ми рече дека не сум положила.
- Оффф, сигурно грешка си броела.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 23 July 2019 11:37 Фудбал

Македонија | Елиф Елмас денеска ќе го комплетира трансферот во Наполи, зделка од која Фенербахче добро ќе се офајди, а нашиот Работнички повторно ќе треба да се задоволи само со трошки.



Во 2017, Елиф Елмас замина од Работнички и се пресели во Фенербахче. Иако уште тогаш беше јасно дека Македонецот е голем талент и вреди многу, клубот од Дебар Маало доби само скромни 180.000 евра на име на тренинг компензација.

Две години подоцна, популарниот „дијамант“ потпишува за Наполи во зделка со која Фенербахче убаво ќе се офајди. Последните детали велат дека клубот од Сан Паоло ќе плати 16 милиони евра, плус додатни 1,5 милиони евра во бонуси а Фенербахче ќе добие и 1,5 милиони евра од следната продажба.

Тоа значи дека Фенер ќе инкасира 19 милиони евра, што е повеќе од 100 пати од тоа што го платија за македонскиот фудбалер.

Благодарејќи на ФИФА, и Работнички ќе добие дел од овој трансфер но повторно ќе треба да се задоволи само со трошки. „Романтичачрите“ ги следуваат пари по два основи, тренинг компензација бидејќи Елиф Елмас нема наполнето 23 години и дел од солидарниот фонд.

Од трансфер сумата, 5% се одвојува за солидарен фонд, која потоа се дели на сите клубови кои дале допринос во едукацијата на фудбалерот од неговата 12-та година па се до 23-та година.

5% од овој трансфер се околу 950.000 евра, а Работнички треба да добие околу 20% од оваа сума за двете години во кои придонесе за развојот на Елиф Елмас или 190.000 евра. На оваа бројка ќе се додадат и уште стотина илјади евра за тренинг компензација, но ако се земе во предвид колку Фенербахче ќе добие, ова не е ништо.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...