Saturday, 27 July 2019 10:49 Фудбал

Шпанија | „Кралевите“ имаа меч за заборав против Атлетико Мадрид во САД, загубија со 7-3 а камерите во еден момент го уловија Герет Бејл со насмевка на лицето и поглед вперен кон клупата и Зинедин Зидан.



Градските ривали од Мадрид утрово одиграа пријателски меч во Њу Џерси, но пристапот на Атлетико беше како да се работи за меч од првенството на Шпанија или Лигата на шампионите.

Избраниците на Диего Симеоне тргнаа силно од стартот и веќе на полувреме имаа предност од 5-0. Потоа беше и 6-0 и 7-1, а Реал со два гола во финишот колку толку го ублажи поразот.

Играч на мечот беше Диего Коста, кој дури четири пати се запиша во листата на стрелците, а уште еднаш го покажа и својот темперамент и направи тепачка.

Интересен беше и еден кадар по голот на Витоло за 7-1. Герет Бејл беше уловен со насмевка на лицето и поглед кон клупата. Многумина веруваат дека Велшанецот му се смеел на Зинедин Зидан, со кого не е во добар однос и наскоро треба да го напушти Мадрид поради тоа што не е во плановите на Зизу.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...