Monday, 29 July 2019 17:51 Фудбал

Шпанија | Реал Мадрид има 10 дена да ја исполни последната желба на Зинедин Зидан и да го донесе Пол Погба во своите редови, „кралевите“ тргнуваат во офанзива со понуда од рекордни 160 милиони евра.



Ова лето има голема реконструкција на Сантијаго Бернабеу и беа потрошени преку 300 милиони евра на играчи како Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферланд Менди и Родриго.

Се верува дека Пол Погба е последното делче од сложувалката на Зинедин Зидан, и доколку Флорентино Перез сака да му ја исполни желбата на тренерот, има уште 10 дена да го стори тоа.

И покрај тоа што „кралевите“ можат да пазарат до крајот на август, трансфер периодот на „островото“ е отворен до 8. август и „ѓаволите“ по овој датум нема да се разделат со Французинот бидејќи нема да можат да донесат замена.

Последните информации од Шпанија велат дека Реал Мадрид тргнал во офанзива и доставил понуда од 160 милиони евра, што е рекордна сума. Интересно оваа вест ја пренесе каталонскиот весник Спорт, кој го смести Пол Погба на својата насловна страна.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Пол Погба, неговиот агент Мино Рајола уште пред неколку недели откри дека сите во Манчестер јунајтед, од тренерот па до лидерите на клубот, знаат дека играчот сака да замине.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...