Tuesday, 30 July 2019 20:20 Фудбал

Англија | Медиумите од „островото“ се приклучуваат на сторијата за трампа помеѓу Манчестер јунајтед и Јувентус, но велат дека во замена за Белгиецот, „старата дама“ ги нуди Пауло Дибала, Марио Манџукиќ и плус 10 милиони фунти.



Неколку извори од Италија доцна синоќа и утрово пренесоа дека Манчестер јунајтед и Јувентус работат на зделка со која Ромелу Лукаку ќе се пресели во Торино, а Пауло Дибала ќе заврши на Олд Трафорд.

Со оглед на тоа дека Аргентинецот е проценет на 100 милиони евра, а Белгиецот на 85 милиони евра, се говореше дека „ѓаволите“ ќе треба да доплатат околу 15 милиони евра.

Медиумите од „островото“ сега се приклучија на сторијата за спектакуларна размена, но велат дека на маса има сосема поинаков предлог. Таблоидот „Сан“ пренесе дека Јувентус покрај Пауло Дибала го нуди и Марио Манџукиќ, а ќе доплати и 10 милиони фунти (нешто над 11 милиони евра).
Според ова што го пишува „Сан“, Ромелу Лукаку вреди некои 20-тина милиони евра повеќе од Пауло Дибала, што некако делува нелогично.

Специјализираниот портал, Трансфермаркт го проценува Ромелу Лукаку на 75 милиони евра, додека пак Пауло Дибала на 85 милиони евра. Можеби не се сумите кои ги бараат Јувентус и Манчестер јунајтед, но Аргентинецот има поголема цена.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...