ВИЦ

Двајца сопственици на кучиња се расправале чие куче е поумно. - Моето куче е многу паметно – рекол првиот – секое утро го чека разнесувачот на весници, му дава бакшиш и ми го носи весникот, заедно со утринското кафе. - Знам – рекол вториот. - Од каде знаеш? - Па, ми кажа моето куче…

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 01 August 2019 11:48 Фудбал

Франција | Денешното издание на Л’Екип носи нови детали за ситуацијата на Нејмар, ПСЖ не сака трансфер сагата да се развлекува и поставил рок за реализирање на зделката до 10. август и тоа за сума од 300 милиони евра.



Името на Нејмар секој ден е дел од трансфер шпекулациите на медиумите, Бразилецот сака да замине од Париз ова лето и преферира да се врати на Камп Ноу.

„Светците“ се подготвени да се разделат но само под нивни услови. Често имаше стории за тоа како ПСЖ е подготвен за компромиси и ги намалил барањата, каталонскиот весник Спорт оваа недела објави дека цената е 180 милиони евра.

Сепак, денешното издание на Л’Екип вели дека во прашање е гордоста на Шеиците, нема отстапки и цената е 300 милиони евра.

Барселона до моментов нема доставено формална понуда, има еден усмен предлог од 40 милиони евра плус услугите на Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо, но истиот експресно бил одбиен.

Извори од Каталонија за Л’Екип велат дека се разгледуваат сите сценарија, едно од нив е Нејмар да се пресели во Барселона на позајмица со обврска да биде купен во 2020, нешто слично на зделката со која Килијан Мбапе се пресели од Монако во ПСЖ во 2017.

Но „светците“ не се заинтересирани ниту за ова, тие ги бараат парите сега а не после 12 месеци бидејќи сакаат уште ова лето да донесат замена за Нејмар. Лидерите на клубот исто така не сакаат трансфер сагата да се развлече, па имаат поставено краен рок. Иднината на Бразилецот треба да се реши до 10. август, односно пред почетокот на новата сезона во Франција.

Од таборот на Бразилецот пак за Л’Екип порачале дека тие не се брзаат и дека „преговорите продолжуваат“. Запрашани дали постои можност Нејмар да остане во Париз и во сезоната 2019/20, одговорот бил НЕ.

Останува да се види како ќе се разреши целата ситуација, судејќи според сторијата на Л’Екип, неизбежен е судир помеѓу Нејмар и ПСЖ, но клубот од Паркот на Принцовите е во прилично силна позиција. Играчот има уште три години од договорот, а парите никогаш не им биле проблем па нема притисок ниту од овој аспект.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...