Tuesday, 06 August 2019 19:59 Фудбал

Италија | Според пишувањето на Газете дело Спорт, раководството на Јувентус добило зелено светло од Кристијано Роналдо да бидат ангажиран Мауро Икарди како засилување за нападот.



„Старата дама“ планира да донесе нов голгетер ова лето. Изминативе денови имаше преговори со Манчестер јунајтед, па дури беше и постигнат договор за спектакуларна трампа со која требаше да го добијат Ромелу Лукаку, но Пауло Дибала одби да се пресели на Олд Трафорд и пропадна трансферот.

Според денешното издание на Газета дело Спорт, Јувентус сега ќе се врати на старата желба, Фабио Паратичи по престојот во Англија ќе отпатува за Милано и ќе се обиде да го договори Мауро Икарди.

Весникот вели дека раководствово на Јувентус за ова има поддршка и од првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо. ГДС вели дека Португалецот не се противи на ангажманот на Ромелу Лукаку, смета дека се работи за солиден напаѓач, но смета дека Мауро Икарди е далеку подобра алтернатива и ова им го пренел на лидерите на клубот.

ЦР7 сака напаѓач кој е способен да му отвори простор во шеснаесетникот и верува дека Аргентинецот ги има потребните квалитети за да ја исполни задачата.

Мауро Икарди не е дел од плановите на Интер, напаѓачот е на продажба и се верува дека тој ги одбива сите понуди зошто го чека Јувентус. Останува да се види дали „нероаѕурите“ ќе прифатат да го испратат голгетерот во редовите на лутиот ривал. Евентуално вклучување на Пауло Дибала во зделката секако дека може да ги примами Интер.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...