Tuesday, 13 August 2019 12:28 Фудбал

Германија | 30 годишниот хрватски репрезентативец и официјално е нов член на германски Баерн Минхен, оваа сезона ќе настапува како позајмен фудбалер, а на крајот од истата „Баварците“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор.



Баерн Минхен и официјално ги засили сопствените редови со офанзивецот Иван Перишиќ, Хрватот си замина од Интер а во дресот на „Баварците“ ќе настапува како позајмен фудбалер со опција за целосен откуп на неговиот договор на крајот од сезоната.

Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека едногодишната позајмица Баерн Минхен ќе го чини 5 милиони евра, а доколку посакуваат да го откупат неговиот договор со „Нероаѕурите“, Германците ќе треба да издвојат дополнителни 20 милиони евра.

Ковач: Перишиќ е стар? Ефенберг на 30 години дојде во Баерн и го предводеше до титула во ЛШ

„Иван ќе ни помогне од стартот на новата сезона со своето големо искуство на интернационалната сцена кое го поседува, тој има одлична техника, флексибилен е во нападот, сигурен сум дека брзо ќе се адаптира на Бундеслигата, таа лига е добро позната за него, а секако добро го познава и тренерот Нико Ковач“ изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, а изјава имаше и новајлијата во тимот од Минхен.

„Среќен сум што се вратив во Германија, Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во Европа, сите знаат дека ова е голем клуб, за мене еден од најдобрите пет во светот, па така, кога клуб од такво ниво ќе те побара, не можете да одбиете“ рече Перишиќ кој претходно го носеше дресот на Борусија Дортмунд, тим со кој ја освои титулата во Бундеслигата во сезоната 2011/12.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...