Tuesday, 13 August 2019 12:31 Фудбал

Италија | Бепе Марота реши да отвори нова војна со својот ученик Фабио Паратичи, медиумите од Италија говорат за пакт помеѓу Интер и Фиорентина со кој ќе се блокира трансферот на Федерико Киеза во Јувентус.



Се верува дека перспективниот Италијанец од поодамна се има договорено со „Старата дама“ и сега треба само уште Јувентус да пронајде заеднички јазик со Фиорентина за висината на обесштетувањето.

Но „виолетовите“ не сакаат да слушнат за заминување на Федерико Киеза, особено откако клубот беше купен од страна на Роко Комисо.

Според пишувањата на Газета дело Спорт и Тутоспорт, Интер сега се обидува да му ги помати сметките на Јувентус. Бепе Марота отвара нова војна со својот ученик Фабио Паратичи и креира пакт со Фиорентина за да го блокира трансферот на Федерико Киеза во Торино.

„Нероаѕурите“ ќе треба да го купат офанзивниот фудбалер во 2020 за 70 милиони евра, секако останува да се види дали самиот Федерико Киеза ќе прифати преселаба во Милано.

Фабио Паратичи ова лето пак направи пакт со Мауро Икарди, Аргентинецот треба да ги одбива сите понуди и да чека до крајот на август да направи трансфер во Торино.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...