Wednesday, 14 August 2019 12:42 Фудбал

Шпанија | Преставници на Барселона и ПСЖ денеска за прв пат лице во лице преговараа за трансферот на Нејмар, ги кажале своите ставови кои очигледно се уште се далечни.



Делегација на „каталонците“ составена од директорот Бордас, техничкиот секретар Абидал и човекот од доверба Андре Кури, отпатува за Париз и се сретна со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Ова беше прв пат преставници на Барселона и ПСЖ лице во лице да преговараат за трансфер на Нејмар. Медиумите шпекулираат дека двете страни ги кажале своите ставови и очигледно разликите се уште се големи.

Се говори дека ПСЖ побарал да ги добие Филипе Кутињо, Нелсон Семедо и плус 100-120 милиони евра за да го испрати Нејмар на Камп Ноу.

„Каталонците“ порачале дека нема шанси да се разделат со десниот бек, и покрај Филипе Кутињо го понудиле Иван Ракитиќ во пакетот. Хрватот наводно е играч по мерак на Леонардо, па „светците“ можат да направат компромис.

Има разлика и во сумата која треба да биде доплатена, некои извори велат дека Барса е подготвена да одвои помеѓу 60 и 80 милиони евра, но да плати дури догодина.

Секако, ќе треба и Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ да се договорат со ПСЖ, па има уште многу работи за пеглање помеѓу двете страни.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...