Thursday, 15 August 2019 21:07 Фудбал

Италија | Во Италија шпекулираат дека Икарди веќе има понуда на маса од Наполи, а доколку ја прифати би станал најскапоплатениот фудбалер во таа екипа, наводно Интер ја прифатил понудата од својот ривал во Серија А.



„Бомбе Ди Влад“ тврди дека Наполи тргнал категорично по потписот на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди за кого нема место во плановите и идеите на новиот тренер на Интер, Антонио Конте.

Наполи испратил мега понуда во висина од 70 милиони евра за Аргентинецот, па ако се земе во предвид фактот што на Икарди му беше порачано дека не е во плановите на клубот за новата сезона, извесно е дека оваа понуда ќе биде прифатена од „Нероаѕурите“, за што се шпекулира дека наводно има позитивни сигнали од Милано за тоа да се реализира.

Горе наведениот медиум пишува дека Икарди има понуда на маса со годишна плата од цели 9 милиони евра, а истата би го направила најскапоплатениот фудбалер на Наполи, а италијанскиот медиум додава дека Интер веќе дал зелено светло за овој трансфер и наводно понудата била прифатена.

Тоа што треба дополнително да се реализира се преговорите помеѓу Наполи и Икарди околу личните услови на фудбалерот.

Наполи е доста амбициозен во пресрет на новата сезона во Серија А, преговорите за Хамес Родригез со Реал Мадрид се на „стенд-бај“ откако Италијанците ја чекаат разврската со Пол Погба околу неговиот долго најавуван трансфер во Реал Мадрид, а тимот од Неапол веќе постигна договор со ПСВ и самиот Хирвинг Лозано за ангажман на мексиканскиот репрезентативец за 42 милиони евра.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...