Monday, 19 August 2019 22:01 Фудбал

Италија | „Старата дама“ им парира на Реал Мадрид и Барселона во трката по потписот на Нејмар, потпис кој сигурно нема ефтино да ги чини заинтересираните екипи кои го посакуваат во сопствените редови.



Јувентус е сериозен во намерите да ги засили своите редови со Нејмар, па така „Глобоеспорте“ пренесува дека италијанскиот првак веќе понудил интересна опција за ПСЖ во обидот да дојде до потписот на Бразилецот.

Тимот од Торино го понудил Пауло Дибала како дел од преговорите со ПСЖ за потписот на Нејмар, а освен Јувентус, од поодамна Барселона се споменува како најсериозниот кандидат за услугите на Нејмар, па нема да зачуди доколку тој се врати на „Камп Ноу“.

Освен тоа што Јувентус има интерес за услугите на Нејмар, од друга страна пак, не е тајна дека ПСЖ е заинтересиран за Дибала, а Аргентинецот веќе ги одби Манчестер јунајтед и Тотнем.

Се верува дека трансферот на Дибала во Манчестер јунајтед пропаднал поради имиџ правата на фудбалерот, како и несогласувањата околу платата која фудбалерот би ја заработувал на Островот, неофицијално, Аргентинецот би го напуштил Торино само во случај да се пресели во француската престолнина.

Во меѓувреме, Нејмар е очаен во намерата да го напушти ПСЖ, шпекулациите велат дека постојат преговори за неговите услуги со Реал Мадрид и Барселона.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...