ВИЦ

Кира и Мира си пиеле утринско кафе и се потсетувале на времето кога биле средношколки. Гледајќи ги сликите во алманахот, Кира и вели на Мира: Гледај колку сме биле убави во младоста, а по готово јас. Гледај колку огрдевме сега во староста, а по готово ти!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 21 August 2019 18:42 Фудбал

Останато | Италијанецот не ги крие своите импресии од досегашниот престој во тимот на Бока Јуниорс, меѓу другото тој не крие дека сега посакува и средба со неговиот омилен фудбалер Рикелме, бивш член, а воедно и легенда на аргентинскиот гигант.



Ветеранот Даниеле Де Роси се чини дека го живее својот втор фудбалски живот во легендарната Бока Јуниорс, Италијанецот не крие дека е импресиониран и возбуден на начинот на кој е прифатен во новиот клуб каде премина како слободен играч на трансфер пазарот откако му заврши договорот со Рома.

Италијанецот изминатиот викенд играше на легендарната „Ла Бомбоњера“ каде Бока Јуниорс со 2-0 славеше во дуелот над Алдосивили во редовното коло од аргентинскиот фудбалски шампионат, а Де Роси вели дека играњето на таа рена е магично и исполнување на соништата.

„Поминаа возбудливи три недели тука, среќен сум на начинот на кој сум прифатен тука, да се игра на „Ла Бомбоњера“ е нешто магично, сон, емоциите целосно се сведуваат на теренот, сепак, фокусиран сум, ја имам целосната потребна поддршка од моите соиграчи“ рече Де Роси кој притоа откри дека по средбата со Марадона, сега има желба да се види очи во очи со уште една легенда, Хуан Роман Рикелме.

„Откако се сретнав со Марадона, сега би сакал истото да го сторам и со Рикелме, јас него го користам како позадина на групата на „ВатсАп“ каде сум заедно со моите соиграчи, верувам дека само Иниеста е подобар од него, тој е комплетниот фудбалер на таа позиција во историјата на фудбалот, Касано исто така ми посочи дека сака да се сретне со него, невозможно е да не засакате фудбалер од типот на Рикелме“ заклучи Де Роси.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...