Wednesday, 28 January 2015 11:33 Технологија

Минатата година била фантастична за кинеската компанија Xiaomi, чии телефони станале едни од најпопуларните мобилни уреди за кратко време...



Шефот на Xiaomi почна да им се заканува на гигантите Samsung и Apple. Тајната на успехот на оваа компанија се телефоните што се продаваат по поволна цена, а хардверски може да им конкурираат на многу поскапи модели на други компании.

Таков е последниот модел на мобилен, Mi Note, фаблет, кој на пазарот им конкурира на телефоните како iPhone 6 Plus – има екран од 5,7 инчи, Full HD резолуција, работи со Snapdragon 801 процесор, има 3GB RAM и 16GB меморија (достапен и во верзија со 64GB меморија), има камера со резолуција од 13MP со оптичка стабилизација на сликата и батерија со капацитет од 3,000 mAh.

Додека цената на iPhone 6 Plus изнесува 749 долари, Mi Note на Xiaomi, чини околу 370 долари на кинескиот пазар. Продажбата на Mi Note започнува денес во Кина и првата залиха на овие уреди е распродадена за помалку од 3 минути. Сите што сакаат да го купат овој уред, ќе мора да почекаат до почетокот на февруари, кога пристигнуваат нови залихи од моделите на Mi Note. Од компанијата не објавиле информации за точниот број на продадени телефони, туку се пофалиле само дека сите се продадени. На страницата „Gizmo China“ пишуваат дека сигурно станува збор за голем број на продадени уреди.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...