Wednesday, 01 April 2015 09:36 Технологија

Google еќе неколку години развива лаптопи и класични компјутери, базирани на нивниот Chrome OS оперативен систем и се наменети за за луѓе кои ги користат за обични нешта и само сурфаат на интернет...



Нивните компјутери моментално заземаат мал дел на глобалниот пазар на компјутери, а нивниата главна предност е поволната цена и Chromebook компјутерите може да се купат за помалку од 250 долари. Компанијата вчера претстави два нови модела на преносни и хибридни компјутери, а цената на новите лаптопи изнесува само 149 долари. Станува збор за моделите Haier Chromebook 11 и Hisense Chromebook, за кои во Google велат дека се „брзи и лесни компјутери, чија батерија може да издржи цел ден“. Новинарите од PC World го тестирале моделот Hisense Chromebook, кој со оглед на цената, има пристојни опции - екран со дијагонала од 11,6 инчи, Rockchip RK3288 процесор, 2GB RAM, еден HDMI излезе, 2 USB 2.0 влез и читач за SD мемориски картички.



Google и Asus го претставија и Asus Chromebook Flip, уред кој може да се користи како класичен лап топ и со вртење на тастатурата (како со моделот Lenovo Yoga) како таблет. Дијагоната на екранот изнесува 10,1 инчи (IPS екран со HD резолуција), има ист Rockchip процесор, 2GB RAM, 2 USB 2.0 приклучок, влез за SD картички и HDMI излез, а куќиштето е направено од метал. Сите овие три уреди доаѓаат со 16GB SSD, а со оглед на тоа што станува збор за ограничен простор, на корисниците им е достапен простор за податоци во облакот на Google. Кликнете на овој линк за да го погледнете видеото.

Google и Asus вчера го претставиле и Chromebit, уред со малку поголеми димензии од класично USB, кое преку HDMI се поврзува со телевизори и други екрани, кои на тој начин ги претвара во Chrome OS компјутери (во мало куќиште содржи процесор и има USB влез и поддршка за WiFi). Цената на овој уред се уште не е позната, а во Googleu велат дека корисниците на овој начин може да го носат Chrome OS компјутерот во џеп и да го користат на пример во кафе-барови и книжарници, поврзувајќи ги со постоечки монитори. 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...