Thursday, 10 April 2014 11:09 Здравје

Лин Сејмор од Саутемптон, Велика Британија, имала проблеми со дебелината уште од детството...



Кога стигнала до тежина од 101 кг, одлучила дека е крајно време да ослабне. Наместо диети и вежбање, избрала неконвенционален метод - хипнотерапија.

„Цел живот се борев со огромна тежина. Држев различни диети, одев на групни терапии, дури и земав диетални апчиња за да ослабнам“, рекла Семјор.



Овие начини давале резултати, поради кои во еден период ја намалила тежината за 44 килограми, но за жал ова биле краткотрајни ефекти.

Потоа побарала помош во „Hampshire Hypnotherapy“, каде останала на терапија 1 година. Тогаш изгубила дури 50 килограми, кои никогаш повеќе не се вратиле назад.



„Во ниту еден момент немав чувство дека држам диета. Беше многу лесно. Килограмите исчезнаа без никакви напори. Мислев дека ова е невозможно“, изјавила Лин.

„Нашата програма е ефикасна, затоа што не се работи за диета, туку за враќање на исхраната која ја применуваат природни виталните луѓе. Повеќето клиенти после првите резултати ми кажуваат:`Не можам да поверувам дека ова е толку лесно`“, рекол Сју Пекман, директор на овој центар.



Лин всушност ја променила исхраната и начинот на живеење.

„Јадам работи кои никогаш порано не ги јадев, како на пример овошје, кое е сега моја ужина. Многу подобро се чувствувам, повремено имам болки, но многу поздрава сум сега и имам многу повеќе енергија“, раскажува Лин, која поради дебелината имала и остеопороза и проблеми со дишењето.



Како делува хипнотерапијата?

Терапијата под хипноза се нарекува хипнотерапија. За време на хипнозата, телото и свеста се во опуштена, природна состојба, додека потсвеста е будна и отворена за сугестии. Хипнозата е комуникациски процес, при што свесниот и несвесниот дел ја примаат истата порака. Хипнотерапијата се користи за управување со стрес, тегоби, паника, нерасположение, недостаток на мотивација, кај учењето и полесно опуштање, контрола на болка, промена на тежината и друго.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...